800 АЛБАНСКИ ТЕРОРИСТИ ВЛЕГЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Релевантни српски медиуми предупредуваат на терористички акт во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските служби за безбедност откриле дека околу 800 вооружени ветерани на озогласената терористичка организација ОВК од Косово влегле на територија на Македонија – дознаваат „Новости“, а пренесува српска „Политика“

teroristi

Овој маневар е извршен во два наврати, а според оперативните податоци албанските екстремисти биле опремени со автоматски пушки. На македонска територија влегле во групи, а тајно пренесувале и товари оружје. Практично, употребена е истата стратегија кога своевремено се припремаа кризните жаришта во јужната српска покраина Косово, а вооружувањето е префрлувано со запрежни коли, на коњи и магариња од Албанија и Косово.

Како што пренесуваат изворите за срспка „Политика“, првото забележано движење на терористи на ОВК од Косово е забележано кон крајот на минатата година, и временски одговара со состанокот на сите Албански претставници во регионот на 23-ти декември.

Според „Новости“, на тој состанок е донесен заклучок за агресивно оживување на проектот за „голема Албанија“. Присутни биле и политичките лидери на Албанците од Косово, од југот на Србија, од Македонија, Албанија и Црна Гора но и ветерани од озогласената терористичка групација ОВК и нивниот огранок – Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац.

„Политика“ додава дека српските служби второто преместување на екстремисти од Косово било забележано пред месец и половина, и тоа во два правци. Едниот кон Арачиново, другиот кон Липково. Српскиот весник додава и дека српските служби се зачудени, бидејќи иако ги предупредиле Македонските колеги, оттука ништо не е превземено за да се спречи овој наплив на терористи во Македонија.

Според сознанијата на „Политика“ еден од терористичките канали, оној кој води кон селото Липково пред неколку дена бил пресечен.

Военобезбедносната агенција (ВБА) минатата недела заплени на југот на Србија поголема количина на оружје, за кое претпоставуваат дека илегално требало да биде транспортирано во Македонија. Арсеналот е откриен на подрачјето на општините Прешво и Бујановац.

 

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This