April 26, 2024, 11:06 am

81 ГОДИШНИК СЕ ЗАПИШАЛ НА ФАКУЛТЕТ ЗА ДА СЕ БОРИ СО ДИЈАГНОСТИЦИРАНАТА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 6 милиони Американци живеат со Алцхајмер, состојба која не може да се спречи нити да се лечи. “Многу од луѓето кога ќе бидат дијагностицирани со Алцхајмер мислат дека тоа е крајот,” вели Рон Роберт од Онтарио, Канада.

Роберт, кој бил политички новинар и помошник на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо, бил дијагностициран со Алцхајмер на 78 годишна возраст. Ова сознание било шок за Роберт, иако двајца од неговите браќа претходно, исто така биле дијагностициран со оваа состојба. Сепак, Роберт знаел дека треба нешто да направи во врска со ова. “Само да седите и да не направите ништо е најлошото нешто што може да ви падне на памет”, изјавил Роберт за CTV News.

81 – годишникот одлучил да се запише на Кинг Универзитетот во Лондон, Онтарио. Два пати неделно, тој зема часови од политички науки. Најголемиот дел од неговите колеги се доволно млади да му бидат внуци. “Тие ме прифатија одлично. Најпрво малку ве сожалуваат, но откако малку ќе поразговарате со нив, сите ве поддржуваат,” вели Роберт. Во моментите кога Роберт губи ориентација, неговите колеги се секогаш тука да му помогнат.

Иако Алцхајмеровата болест и другите деменции се дегенеративни болести, одењето на часови му помага на Роберт да остане активен. “Навистина се чувствувам добро. Краткорочната меморија ми е ужасна; долгорочната меморија се подобри. Се чувствувам подобро ментално и мислам дека тоа е многу важно,” вели Роберт Се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира другите кои се дијагностицирани со состојби поврзани со деменција да продолжат да живеат добро. Тој додавва, “Ова е нешто на кое мора да работите. Всушност, тоа е добро бидејќи пензијата навистина ми досади!”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This