АНОНИМНО ПИСМО НА ЕСЗ „ТИГАР“: Ќе се вработуваат специјалци без компетенции по барање на ДУИ, безбедноста на државата ставена во ризик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи објави интерен оглас за вработување на припадници во специјалните сили „Тигар“ и единицата за брзо распоредување „ЕБР“. Според информациите кои прситигнаа до Инфомакс.мк од анонимни извори во единицата, можно е и бркање на веќе докажани професионалци поради ослободување на места за членови на ДУИ. Освен ова, тврдат од единицата, објавувањето на интерниот огла е прекршување на системот на кариера и распоредување, со што се одзема правото на долгогодишни припадници на двете единици да останат без можност за напредување

Согласно интерниот оглас, се бараат заинтересирани кандидати да се пријават за полицајци за операции, како и помлади полицајци за операции во специјалната единица „Тигар“. И во двата случаи се бараат лица со средно образование, додека за повисокото работно место се бара и работно искуство од минимум две години, додека за помлад полицаец за операции се бара положен приправнички испит.

Исти се условите и на огласот за вработување на припадници во единицата за брзо распоредување „ЕБР“. 

Во прилог на овој оглас, до нашата редакција пристигна и анонимно писмо, потпишано од припадниците на единицата за специјални задачи „Тигар“, во кое повикуваат да се престане со партиските вработувања, овој пат по барање на ДУИ.

 

„Престанете да се пазарите на грбот на тигрите!

Секоја политичка игранка на сметка на Единицата за специјални задачи Тигар, се одразува на нашето единство и компактност, а со тоа се загрозува нашата безбедност. Кога се нарушува нашата безбедност, тоа еризик и за општата безбедност бидејќи ние сме во служба на државата и граѓаните. Нас не не интересира ни ДУИ ни СДСМ. Нас не интересира секој што ќе влезе во единицата да е проверен, доверлив и подготвен да одговори на задачите. Нас не не интересираат меѓупартиски договори туку не интересира нашите сегашни и идни браќа и колеги да бидат подготвени да ги ризикуваат животите еден за друг и да немаат дилеми кога треба да се ризикува за Македонија.

Информаците кои кружат дека ДУИ и СДСМ договориле влез на одреден број полицајци во единицата по партиска и етничка линија не загрижуваат. Тука не се издаваат лични карти и не одговараме на барања на граѓаните. Ние не сме секретаријат за Рамковен договор. Ние влегуваме и интервенираме таму каде што никој друг не смее. Секоја импровизација со единицата за специјални задачи може да биде кобна. Затоа со време да алармираме за да не ни се случи нешто за кое што подоцна ќе се каеме.

Ве молиме да го пренесете ова писмо и огласот кој што е распишан за пополнување на ЕСЗ и ЕБР.“ – стои во анонимното писмо испратено до Инфомакс.мк.

Освен вработувањето на лица кои треба да се вработат по етнички клуч во специјалните единици, анонимните извори во специјалната единица информираат дека веќе се зборува и за поставување на командант на единицата Албанец, без соодветни кваификации со цел да се задоволат барањата на ДУИ.

Ваквата ситуација, велат од единицата, е неприфатлива и во најмала рака опасна.

Единицата за брзо распоредување нема командант речиси цела година и функционира по наредби на заменик в.д. командант.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This