900 страници документи за американските експерименти во Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Документите не се протечени туку се добиени по основа на слободен пристап до информации, и откриваат детали за американското финансирање на експерименти со неколку видови на коронавируси во Институтот за вирологија во Вухан.

Во документите детално се зборува за Екохелт алијансата, непрофитната организација која служи како посредник меѓу парите од американскиот буџет (и институцијата на Фаучи) и тимот за истражување на коронавируси кај лилјаци во Вухан.

Во нив се откриваат и два претходно необјавени предлози за грант финансирани од Националниот институт за алергии и заразни болести (на Фаучи), и апдејт околу проект на Екохелт.

„Ова е како план за високо-ризично истражување кое би можело да доведе до сегашната пандемија,“ изјавува директорот на групата што го истражува потеклото на ковид-19, УС Рајт ту ноу, Гери Рускин.

Еден од грантовите се дадени за проект насловен „Разбирање на ризикот од појава на коронавирус од лилјаци“, во кој намерата на претседателот на Екохелт, Питер Дасзак, е да провери илјадници примероци од лилјаци за постоење на нови коронавируси. Истражувањето исто така вклучува и проверка на луѓе кои работат со живи животни.

Документите содржат неколку критични детали околу истражувањето во Вухан, вклучително и „фактот дека во лабораторија со биолошка безбедност од 3-то ниво во Центарот за животински експерименти при Универзитетот во Вухан се извршени клучни експерименти со хуманизирани глувци – а не во Институтот за вирологија во Вухан, како што претходно се претпоставуваше.“

„Документот покрева дополнителни прашања околу теоријата дека пандемијата започнала како лабораториска грешка, идеја што Дасзак агресивно ја отфрла,“ пишуваат Шерон Лернер и Мара Хвистендхал во текстот за Интерсепт.

За грант за коронавируси Екохелт добива 3,1 милион долари, во кои се влезени и 599.000 долари кои Институтот за вирологија во Вухан делумно ги користи за идентификување и изменување на коронавируси од лилјаци кои е веројатно да заразат луѓе.

Не само што од пред пандемијата повеќе научници се загрижени околу потенцијалната опасност поврзана со вакви експерименти, туку и самото барање за грант признава некои од опасностите:

„Работата на терен вклучува високоризична изложеност на САРС или други коронавируси, работата во пештери со голема густина на лилјаци над глава и потенцијал да биде вдишена фекална прашина.“

Молекуларниот биолог од Броуд институтот, Алина Чан, изјавува дека документите покажуваат дека Екохелт алијансата има причина сериозно да ја сфати теоријата за протекување од лабораторија.

„Во овој предлог тоа што тие всушност истакнуваат е дека знаат колку е ризична оваа работа. Тие упорно зборуваат за луѓе кои потенцијално биле гризнати – и имаат запис за секој што бил гризнат.

Дали Екохелт се уште ги има тие документи? Ако не, како е можно да исклучат инцидент поврзан со истражувањето?“ прашува Чан.

Друг молекуларен биолог, овој пат од Рутгерс Универзитетот, Ричард Ебрајт, смета дека документите содржат критични информации околу истражувањето спроведено во Вухан, вклучително и создавање на нови коронавируси.

„Вирусите што тие ги составиле биле тестирани за нивната способност да заразат глувци кои биле модификувани да имаат човечки тип на рецептори во своите клетки.

Додека тие работеле на коронавируси поврзани со САРС, тие истовремено спровеле паралелен проект со коронавируси поврзани со МЕРС,“ им објаснува Ебрајт на новинарите од Интерсепт.

Грантот првично е доделен за 5-годишен период, од 2014 до 2019. Финансирањето било обновено во 2019, меѓутоа администрацијата на Трамп го суспендира во април 2020.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This