92,5% пoмaлky зa6oлeни oд ceзoнcки гpип вo oднoc нa пpeтхoднaтa гoдинa

Поврзано

Заев во понеделник во Брисел, се очекува да се разговара за одвојување на процесите за Македонија и Албанија

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија,...

Објавена глобална мапа со pизик за 3emjотреси: Пола Македонија во „црBeHа зона“ – што значи тоа?

Секој трет жител во Светот бил некогаш изложен на земјотрес, а бројката се зголемила двојно во последните 40 години....

Драги Рашковски ќе го „јаде“ и за уште едно дело – Русковска најави нова истрага за уште еден софтвер

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на притворот на Драги Рашковски, а можно е...
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539. Ова претставува 92,5% помалку во споредба со истиот период лани и 94,5% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Во Република Македонија, заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

„Мерките за заштита од Ковид-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување“, соопшти Министерстото за здравство.

Latest News

Кабинетот на Пендаровски со реакција за изјавата на Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто...

More Articles Like This