92,5% пoмaлky зa6oлeни oд ceзoнcки гpип вo oднoc нa пpeтхoднaтa гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539. Ова претставува 92,5% помалку во споредба со истиот период лани и 94,5% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Во Република Македонија, заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

„Мерките за заштита од Ковид-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување“, соопшти Министерстото за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This