April 20, 2024, 12:15 am

99-годишна баба добила љубовно писмо од исче3натиот свршеник по 77 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа ја прифатила неговата понуда за брак, но одговорот пристигнал 77 години подоцна: „Само да знаеш колку ме направи среќен, драга“.

Таа ја прифатила неговата понуда за брак, но потоа не добила одговор. Одговорот пристигнал 77 години подоцна.

Филис Понтинг е 99-годишна бабичка која добила љубовно писмо од нејзиниот поранешен свршеник, 77 години откако тој исче3нал за време на Втората свет ска војна.

Ова рачно напишано писмо било пронајдено во ковчег во товарен брод пото нат на дното од Атлантскиот Океан, кој се претпоставува дека потон ал во 1941 година. Бидејќи немало кислород и светлина писмото, заедно со стотици други, било како во вакуум како во конзерва, па успеало да опстане.

Последното писмо што Филис му го испратила на нејзиниот тогашен свршеник Бил Вокер, кој бил на фронтот, е дека ја прифаќа неговата понуда за брак.

Но, откако не добила повратен одговор, мислела дека тој се премислил во меѓувреме.

Но, во писмото кое дури сега стигнало до неа Бил напишал дека бил пресреќен и дека посакувал таа да е таму кога го отворал писмото за да ја види неговата реакција. „Само да знаеш колку ме направи среќен, драга“, ѝ напишал Бил.

До денес Филис не знае дали тој ја прежи веал вој ната. Потоа таа се омажила за друг маж со кого има 4 деца, 4 внучиња и 7 правучиња.

„Не верувам дека Бил ја преживеал војната затоа што во спротивно тој сигурно ќе дојдеше на мојата адреса“, вели Филис и открива дека нејзиниот живот ќе бил многу поинаков ако на време го добила неговото писмо и ако тој се врател од вој ната.

„Сигурно ќе се земевме. Тој ме сакаше многу“, заклучува таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This