AД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ ГО УСВОИ ДЕЛОВНИКОТ ЗА РАБОТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ад хок телото за мониторинг на медиумите во предизборниот период го усвои деловникот за работа. Според договореното, за еден медиум да добие казна поради неизбалансирано известување, ќе треба рака да кренат тројца од 5-те члена на Привремената комисија. За одржување седница ќе биде потребен кворум од тројца членови, но за да донесат одлука тие ќе треба да бидат едногласни. Членовите на ад хок телото изразиле волја одлуките да се носат со консензус онаму каде што ќе има јасни прекршувања.

mediumi-kameri

„Досега сите одлуки се донесени со консензус, со полно присуство на сите членови, во една конструктивна атмосфера. Јас се надевам дека и понатаму ќе продолжиме така да работиме и дека нема да има потреба од надгласување. За првиот прекршок следува опомена, а не казна и таа одлука ја донесовме сите 5 члена со консензус. Сега јас очекувам дека ние ќе имаме работа со прашања кои задираат во уредувачката политика. Дали одредена телевизија застапува ставови на повеќе партии, експерти кои изразуваат различни ставови, или ист тип на ставови се изразуваат од различни луѓе“, изјави членот на ад хок телото Цветин Чилиманов.

Според Чилиманов, не е проблем деловникот, туку како што во неколку наврати се потенцираше, проблем е методологијата според која функционира Агенцијата за медиуми и медиумски услуги, бидејќи една методологија која што беше приспособена за овој период беше тргната на страна и беше усвоена друга методологија, која според него, е неупотреблива.

„Ние сега имаме методологија во која што се вели дека работата на медиумите се оценува само во текот на изборната кампања, во последните 20 дена, а овие првиве 80 дена не знам како би се оценувале. Понатаму, имаме изборен законик и методологија кои што велат дека сите телевизии се обврзани да избалансираат партии кои што имаат поднесено еднаков број на кандидатски листи. Тоа е јасно и е убав, мерлив критериум, но проблемот е во тоа што мерењето тече, а партиите немаат поднесено кандидатски листи. Нема да ги имаат поднесено до длабоко во октомври. Така да, првите месец ипол, јас не знам како ние ќе носиме било какви одлуки за тоа дали телевизиите биле избалансирани“, вели Чилиманов.

Првиот период од десет дена за оценување на избалансираноста на известувањето на медиумите од 2 до 12 септември истече. Првиот извештај кој се однесува на овој период, ад хок телото треба да го објави до 18-ти овој месец, откако ќе ја добијат и оценката на стручните служби на Агенцијата.

Ад хок телото се состои од Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири како петти член на Комисијата, чија кандидатура беше договорена на последната средба на лидерите на четирите најголеми политички партии во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This