Aвтoмoбил излeтa нa aвтoпaтoт „Пpиjaтeлcтвo“: Heкoлкy лицa ce здoбиja co пoвpeди вo нecpeќaтa

Поврзано

- Advertisement -

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско.

Автомобил „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управуван од И.М.(46) од Велес, излетал од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Latest News

Ивановска: Кулите кај „Холидеј Ин“ се договорена зделка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, истакна дека јавниот интерес е сериозно загрозен на сметка...

More Articles Like This