December 9, 2021, 10:55 am

Aкциjaтa нa cкoпcки вoдoвoд зa иcплaтa нa дoлгoви бeз кaмaтa тpae дo 15-ти дeкeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за исплата на долговите без камата за задоцнето плаќање, за физички и правни лица, е во тек и завршува на 15 декември.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг да ја искористат можноста за исплата на истиот без камата.

Граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата секој работен ден од 8 до 14 часот, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

„Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, велат од претпријатието.

Со цел заштита на корисниците и вработените, велат од таму, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.

Latest News

(Видео) Ковачки: Институциите молчат за скандалот со 1 тон дрога на скопскиот аеродром, но и за пасошите за нарко-мафијашите, пробиената акција Планина, заплената на...

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром...

More Articles Like This