February 28, 2021, 2:07 am

Aлapмaнтно: Расте бројот на зaбoлeни на возраст меѓу 21 и 40 години

Поврзано

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

Maлкy дa нe пpeтepaa?: Ceдyмднeвeн кapaнтин вo Hoв 3eланд пopaди eдeн Koвид-19 cлyчaj

Премиерот на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, најави дека од утре ќе се воведе седумдневна блокада во најголемиот град Оuкленд,...

Бил Гејтс: “Heмa дa пpecтaнaм дa нocaм мacкa иaкo ги пpимив двeтe дoзи нa вakцинa”

Американскиот милијардер Бил Гејтс ја прими втората доза на вакцина против Kовид-19, па рече дека, иако бил вакциниран, ќе...
- Advertisement -

Значајно е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во возрасната група на третата и четвртата декада, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, според кого порастот на новозаболените случаи од ковид-19 се должи на непочитувањето на мерките.

Мерките беа димензионирани така да секогаш разговаравме со чинителите, затоа што секоја струка има по некоја специфика. И тие епидемиолошки принципи на медицинската наука секако дека важат за сите, меѓутоа имајќи ги во предвид спецификите сакавме и нив да ги слушнеме, што е тоа што и тие сметаат дека ќе се соочуваат со проблеми за време на функционирањето. И така беше и со музичарите, јавните настани, организаторите на настани. Донесовме протоколи за работа на затворено, на отворен простор итн. Со што се соочивме, многу конкретно – во изминатиот период значајно зголемување на бројот на заразени во возрасната група на третата и четвртата декада. И од увидот во епидемиолошките прашалници во огромен процент, од настани во коишто мерките за жал не се почитувале. И тоа е нешто што сега се случува во регионот, цела Европа. Сведоци сме на голем број на случаи во Франција, Австрија, Шпанија, Велика Британија – насекаде се истите трендови, посочи Филипче.

Министеството било свесно дека доаѓа период – есенски месеци кога ќе има пациенти коишто можно е да го преоптеретат здравствениот систем.

Уште тогаш предвидовме дека е потребна рестрикција, рестриктивни мерки и го најавивме на почетокот на месец септември. Ова е план којшто има и дополнителни мерки кои сметаме дека засега не треба да се воведуваат, но ја следиме ситуацијата. Имаме предвид дека доаѓаат и поладни денови, кога граѓаните треба да се штитат и од настинка, и од грип, кога воздухот ќе биде загаден. Сето тоа се работи кои може да го оптеретат здравствениот систем. Мора граѓаните да се свесни дека штитејќи го сопственото здравје им помагаат на здравствените работници и здравствениот систем“, истакна Филипче.

Во однос на работата за угостителските објекти, Филипче информираше дека во периодот кога се попуштаа рестриктивните мерки имаше соработка со сите чинители во многу економски оператори, компании коишто тогаш не работеа и постепено се враќаа во функција. Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави.

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This