October 23, 2020, 6:06 am

Aмбасадите во паниka по апceњето на припадници на ИCИC во Македонија

Поврзано

Очиглeднo е лoшa идeja: 190 деца кои пoceтувале градинка се во изолациja

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни...

Пpoдавам бубpeг за Ајфон

Компанијата „Епл“ вчера го претстави „Ајфон 12“ и веднаш после тоа на Твитер се појавија коментари и шеги на...

Maнчевски нова жpтвa на пpecмeтката мeѓy cтpyмичкото и cкoпcкото кpилo?

Што се случува во СДСМ е прво логичко прашање кое се поставува по изненадното повлекување на Дамјан Манчевски од...
- Advertisement -

Нема информација кои витални објекти биле потенцијална мета за напад. Она што го потврдуваат од МВР за „360 степени“ е дека по акцијата одредени објекти се со зајакнато физичко обезбедување, како и со зајакната мотопатролна покриеност.

Повикот за молитва секојдневно ги собира верниците муслимани во Куманово во џамија. И овде одекнала веста за приведувањето на тројцата сограѓани, кои подготвувале терористички напади во земјава. Кумановци само претпоставуваат како овие млади се радикализирале.

 

„Тоа само кој сака да оди, дали е за печалба, нешто има врска. Иначе, за тоа никој не ни кажува таква работа. Нема врска џамија тука“,

„Не е добро, Исламот не вели да се прави геноцид. Исламот не вели да убиваш луѓе“, коментираат верниците.

Тројцата повратници од Сирија, откако одлежале затворска казна за служење во ИСИС, се спремале за напади на институции во Македонија. За таа цел обезбедиле пари, оружје, воена облека… Приведени се и ќе се гонат за теоризам и терористичка организација. Освен оружје чувале и знаме од непризнатата терористичка држава ИСИС.

Нема информација кои витални објекти биле потенцијална мета за напад. Она што го потврдуваат од МВР за „360 степени“ е дека по акцијата одредени објекти се со зајакнато физичко обезбедување, како и со зајакната мотопатролна покриеност.

Случајот со тројцата кумановци е последен, но не и единствен. „Ќелија“ е најекспонираниот сличен случај, во кој во 2015 година, на повеќе локации низ Скопје, полицијата уапси неколку лица поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации. Првоосомничен беше имамот Реџеп Мемиши од скопската Тутунсуз-џамија, а меѓу уапсените медиумите го издвојуваа и докторот по медицина од Скопје – Стефан, кој го променил името во Суфијан. Тогаш ИВЗ јавно бараше помош од органите на редот за џамиите кои не беа под нејзина контрола, а МВР одговараше дека нема надлежност за постапување во верски објекти.

Џамиите не се регрутни центри, вели скопскиот муфтија Кенан Исмаили. Toj уверува дека ИВЗ е во редовен контакт со сите џамии и верски службеници. Џамиите се отворени за секој верник, вели Исмаили, а меѓу посетителите тешко може да се открие кој е со радикални идеи.

„Ниту брадата, ниту начинот на молење во џамијата или што било друго не можат да бидат знаци или симптоми дека некое лице е екстремистичко, но од друга страна може да покаже дека е добар верник и е побожен. Оние кои сакаат да вршат такви дела знаат многу добро да се камуфлираат за да се сокријат и не можеш да ги забележиш меѓу верниците со одредено движење дека има девијантна појава“, вели Кенан Исмаили од скопското муфтиство.

Радикален ислам не постои, дециден е муфтијата.

„Оние кои барем еднаш го прочитале Куранот или ги прочитале лекциите на пророкот кој ни го објасни Исламот, ќе видат дека кога станува збор за Исламот, тоа е нешто сосема друго, од она што некој го претставува како екстремизам, тероризам, нетолеранција и така натаму. Ние дури и кога му се заблагодаруваме на Бога за дарба и кога бараме прошка од Бога и кога се поклонуваме и кога играме фудбал и кога ќе се појави непосакуван случај, се споменува терминот Алах акбар“,

објаснува Исмаили.

Од Македонија на боиштата досега заминале 150 луѓе. Меѓу нив и 10 жени. Загинале 38, а околу 30 лица, заедно со семејствата, останале таму. Назад во Македонија се вратиле околу 80 лица.

Земјава ги прифаќа повратниците од боиштата, но овде кривично одговараат за тоа. Учеството, регрутирањето или финансирањето паравоени војски е кривично дело за кое се оди во затвор. Само сторител што ќе ги открие останатите може да биде ослободен од казна.

12 повратници во моментов издржуваат казна низ македонските затвори. Од невладината „Хоризонт“, која работи на реинтегрирање на повратниците и нивните семејства преку поврзување со институциите на системот, велат дека секој случај е приказна за себе.

„Еден од борците којшто ги вратија институциите, се соочува со ситуација каде неговата сопруга и детето кои се граѓани на Сирија се таму заглавени. Сега семејството бара институциите да им помогнат и за нивно доаѓање во Северна Македонија, за преку таткото да можат да стекнат државјанство и да можат да продолжат со квалитетен живот овде“, вели Шабани.

Тој нотира дека ресоцијализијата на повратниците е особена важна, а затворите не ја играат таа улога. Освен повратниците, укажува дека важно е да се работи и со нивните семејства.

„По ослободување од затворите, да се овозможат нивните социјални права. Истото важи и за другите членови на семејството. Друго, потребна им е помош со документацијата во однос на јавните институции. Истотака, стекнување вештини за вработување, образование, и со тоа да се придонесе за подобрување на животниот стандард овде во Македонија после ослободување од затворите“, смета Шабани.

За власта во Македонија безбедносна закана се и граѓаните кои се радикализирале овде, а не успеале да заминат во Сирија и Ирак.

Во земјава, безбедносните служби како ранлив го категоризираат северозападниот дел на Македонија, односно Куманово и околината, скопските општини Гази Баба, Чаир и Сарај, понатаму Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид. Од надвор, најчувствителна е границата со Косово.

Се оценува дека сиромаштијата, личните трагедии, неинтегрирањето во општеството се фактори кои ги туркаат луѓето кон радикализирање. Со две засебни национални стратегии, едната за борба против екстремизам другата против тероризам, власта нотирала слабости на системот и планира активности со акцент на превентивата. Што е напрaвено досега?

„Во смисла на градење капацитети и она што ние го велиме секундарна превенција за да не дојде до степен на насилен екстремизам и радикализација, ги градевме капацитети во наставниот кадар, не само во основните, туку и во средните училишта низ цела држава, инвестиравме многу во надградба на кадарот на психолози, социјални работници, педагози итн. И особено е важно, онаму каде што проценивме дека се општини коишто на некој начин се ранливи, инвестиравме во изградба на капацитетите на младите, преку отворање на младински центри, библиотеки, со поддршка на нашите партнери“, вели за „360 степени“, Борче Петревски, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Владиното координативно тело е составено од претставници од 22 министерства и институции. Петковски се надева дека државата и институциите засебно ќе одвојат пари за превенција за напорите да не се сведат само на помош од меѓународната заедница. Тој признава дека ресоцијализацијата во затворите е во зародиш, но вели дека Центрите за социјални работи се во контакт со семејствата на повратниците. Сепак, конечната реинтеграција, според Петковски, е личен избор.

„Важно е да се напомене дека тоа нивно вклучување ќе биде исклучиво на доброволна основа. Ние не може со сила некого да го натераме да се вклучи во некој процес на негова ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација и враќање во нормалата.

Епа тогаш како ќе бидеме сигурни дека не е потенцијална опасност за околината?

Знаете што, мене ме радува тоа што безбедносно-разузнавачките институции тековно ги следат овие процеси кога се работи на примена на елементи на насилство, пресретнуваат терористички активности итн. Истотака имаат многу добра соработка со останатите служби во регионот“, тврди Петревски.

Американскиот портал специјализиран за безбедносни прашања „Џаст секјурити“ неодамна го пофали земјава за мултидисциплинираниот пристап во решавањето на прашањето со повратниците. Пофалбите се за амбициозниот Национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратниците, за кој власта се уште не споделува детали. Првата сопка на која и „Џаст секјурити“ предупредува е колку ова прашање ќе се најде високо на агендата на сите институции.

Извор: 360 Степени

Latest News

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

(Видео) Каракачанов со дрзok коментар му одговори на дeмонcтрaнт кој побара ocтавка од него

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави зaтворање на сета...

More Articles Like This