November 28, 2021, 9:10 am

Aмбacaдaтa нa САД дoбилa пpиjaвa: 83 повеќекратни осуденици добиле opyжje зa пoпpeчyвaње нa избopниoт пpoцec

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство информира за неколку случаи поврзани со изборниот процес и истакнува дека продолжува да го следи процесот на локалните избори.

Еден од нив е пријава доставена од Амбасада на САД утринава.

-Известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.

-По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност, информираат од Јавното обвинителство.

Latest News

Максо пак paзочаран од СДCM

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори...

More Articles Like This