(AУДИO БOMБA) Венко Филипче лапнал милион евра од сомнителна набавка на респиратори во Бразил?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова аудиобомба одекна на социјалнире мрежи поврзана со скандалозната набавка на респиратори од Бразил, афера со која уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го конфронтираше министерот за здравство Венко Филипче на 19 март минатата година на прес конференција по која веќе наредниот ден Владата забрани присуство на новинари.

Имено на снимката се слуша гласот на амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски кој е најзаслужен за враќањето на 100-тици Македонци од Јужна Америка и Карибите назад во Македонија по појавата на пандемијата на Ковид 19 во светот.

Како амбасадор на Македонија во Бразил Боцевски открива дека бил контактиран директно од Венко Филипче и Никола Димитров, во моментот кога набавката на респиратори заглавила поради декретот на бразилскиот претседател Болснонаро. Тој истакнува дека бил контактиран од Никола Димитров, но и лично од Венко Филипче, а набавката на респиратори оди преку приватна фирма и додава дека „си има тука некој нормално“.

-Од Македонија комерцијална фирма си решава прави набавка, кога заглавија ме бараа мене, така иде тоа кај нас. Си има тука некој нормално. Проблемот е што ова требаше да се прави пред 6 месеци не сега. Се јавуваат денеска е паника, денеска се јавуваме се правиме. Цените се многу високи факт е . Се јавува Венко и Никола Димитров, посочува Боцевски.

Она што е клучно е фактот што Боцевски открива дека респираторите биле веќе платени, што е спротивно на тогашните тврдења на Венко Филипче дека таква набавка никогаш не се случила.

-He во Сао Паоло е пратката на аеродром. Значи прво во вторникот имаше проблем, платена беше ама ДХЛ не сакаше да ја прими поради декретот на Болсонаро. Па ДХЛ ја прими со триста ургенции, кој се не се јави. Син му на Болсонаро се јавуваше да ја качат. Само што ја качија и нели имаат они програма кога треба да оди на аеродром, кога дојде на царина, викаат декретот, не може и сега еве работиме околу декретот, вели тој.

Во 2020-та година, министерот за здравство го обвини Александар Митовски за ширење на лажни вести и потенцираше дека набавката не завршена, спротивно на она што го тврди екс-амбасадорот во Бразил.

Филипче тогаш тврдеше дека допрва треба да се случи аукција на која што ќе бидат намалени цените.

– Прво лажна вест е дека набавката е завршена и вие треба да знаете дека министерството за внатрешни работи има обрска да го прати ширењето на лажни вести, посебно оваа ситуација која што е многу осетлива, која што граѓаните многу будно ја пратат и може да створи паника. заради тоа што да кажете дека е завршена некоја јавна набавка и е прифатена некоја несоодветно голема цена, а тоа не е така е сериозна клевета. набавката не е завршена допрва следи процесот на аукција на намалување на цените. и не е точно дека нешто се држи во тајност или се користи некаква ситуација. Токму тоа што вие ги имате документите во рацете значи дека секој има пристап до сите документи, изјави на 19 март 2020 година Филипче.

Она што беше најпроблематично во оваа јавна набавка на респиратори беше цената од 25 илјади 203 евра по парче, кога респиратори од истата компаника „Магна Мед“ од Бразил, Флекси маг+ на интеренет можеа да се набават по цена од околу 5 илјади долари што е за 5 пати помалку од цената која ја платила македонската Влада.

Дополнителен сомнеж врз набавката фрли и понудената цена од 17 илјади евра од далеку пореномиран производител, „Џенерал електрикс“ цена од 17.137 евра по респиратор што е за 8 илјади евра помала од цената на чинење која ја платила македонската влада.

Компанијата Соникс преку која требаше да се набавуваат респираторите се поврзува со уште еден скандал во здравството со Компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која доби тендерот од 35 милиони евра за набавка на апарати и реагенси за испитување на крв која постоеше само 4 месеци кога го доби тендерот, тендер кој потоа беше откажан под притисок на јавноста.

Во тој случај симптоматично беше што ФАРМАХЕМ, компанијата која е претставник во Македонија за „АБОТ“ апаратот кој е фаворизиран во овој тендер, воопшто не аплицирала на повикот за тендер а нејзините апарати на државата и ги нуди друга компанија од фантомски карактер.

Според неофицијалните сознанија, од ФАРМАХЕМ потпишале авторизација за продуктот во Германија, што значи дека на „АХР ЛАБ“ им дозволуваат да набавуваат апарати.

Во исто време, авторизација потпишала и споменатата компанија Соникс, на фирма која постои само 4 месеци, нема никакво портфолио и нема вработени, а единствената вредност и е 5000 евра основачки капитал.

Како што вели Боцевски, тој некој кој го имаат „нормално“ во случајот со набавка на респираторите е Соникс кој изминативе година и 4 месеци од министерството за здравство и други здравствени инситуции според сајтот за јавни набавки има добиено тендери во вредност од околу 1.8 милион евра или 110, 5 милиони денари.

Само набавката на респираторите која одеше преку компанијата Соникс ја чинеше македонската држава 1,2 милиони евра.

Боцевски уште еднаш во снимката повторува дека респираторите се платени, а не дека е точно тоа што вели Филипче дека јавната набавка се уште е во тек.

– Што да правам јас сега, не можам да му наложам на министер. oва е као некој добил единица и сега криви му се сите, епа требал да учи порано, а не да се набавува во 5 до 12 или во 12 и 15. Еве сега се вадам на тоа, дека никогаш нема да им заборавиме, дека Бразил има 6 фабрики, Македонија нема ниту една. Дека станува збор за 50 репсиратори, дека сме ги купиле и дека се оцаринети и дека се платени пред да дојде забраната. Мене ми се јавија од кризниот штаб и ми кажаа дека ова се случува и дека треба да помагам за да работава се откочи. Венко е во тек со целава работа мислам нема збор тука, сеа ќе си кажеме,. За ова е точно, ова е друга дебата, колку коштало што коштало, мене ми кажаа дека е неопходно да се набават, вели Боцевски.

Дополнителен сомнеж на целата ситуација фрли и фактот што веќе наредниот ден откако Инфомакс го обелодени скандалот на 20 април Филипче посочи дека државата во моментот располага со вкупно 120 респиратори, но таа бројка во моментов е сосема доволна за да ги задоволи потребите на македонскиот здравствен систем во борбата против Ковид-19.
Тој тогаш посочи дека, според светските искуства околу 5% од пациентите завршуваат на респираторна машина. На бројка од 1.000 пациенти, тоа би значело дека 50 заболени ќе имаат потреба од респиратор.

Што се случи со набавката на респиратори од Бразил тешка 1.2 милиони до ден денес никој не знае, ниту дали се вратени парите, ниту дали респираторите некогаш пристигнале во Македонија, а последниот разговор кој имаше шанса да го слушне цела Македонија само потврдува дека уште од почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјава постојат и луѓе кои профитираат од пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This