January 16, 2021, 10:18 am

Aхмети и грчкиот амбасадор разговараа за преспанскиот договор

Поврзано

Бeз ЕУ нeмa aлтepнaтивa, члeнcтвoтo вo ЕЕЗ caмo пpeoднo peшeниe

Идејата за членство во Европската економска зона која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт...

Akтивни 16.231 cлyчaj co Koвид-19: Pacте бpoјoт нa oздpaвeни пaциeнти

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од...

Македонија, Црна Гора и Албанија воведоа caнкции кон Белорусија

Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ. „Земјите-кандидати: Република Македонија, Црна...
- Advertisement -

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на проштална средба го пречека амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис, по повод завршувањето на неговиот мандат како амбасадор во Република Македонија.

За време на оваа средба, Ахмети му се заблагодари на Јанакакис за добрата билатерална соработка за време на неговиот мандат и изрази благодарност за неговата ангажираност за приближување на нашите две земји.

Ахмети и Јанакакис разговараа и за важноста на потпишувањето на преспанскиот договор, по што Ахмети му се заблагодари на грчкиот амбасадор за посветеноста и за неговата конструктивна улога.

Ахмети ја истакна потребата и подготвеноста за строго спроведување на Договорот од Преспа.

Претседателот на ДУИ му кажа на амбасадорот дека нивната поддршка за Република Македонија во интеграцискиот пат кон Европската Унија е исклучително важна.

На оваа средба Ахмети и Јанакакис разговараа и за отвореното прашање со Бугарија, при што Ахмети ја истакна важноста од затворање на спорот во европскиот дух на добрососедство.

Ахмети и Јанакакис на крајот од оваа проштална средба се согласија дека двете земји, Република Македонија и Грција треба да продолжат да одржуваат добри односи во сите области, особено во областа на економијата што е во интерес на сите граѓани во двете земји.

Latest News

ЕУ: Цeлтa нa нoвиoт шeф нa ЦИА е пpeкy зajaкнyвaњe oдвнaтpe дa ja зacили cвeтcкaтa yлoгa нa САД

Идниот шеф на ЦИА, Вилијам Бернс, совршено се вклопува во визијата на новата влада во Вашингтон дека САД мора...

More Articles Like This