April 20, 2024, 10:28 am

Aзepбејџан го пpeвзеде Haгорно-Kapабах

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Азербејџан денеска го заврши процесот на преземање на територијата што Ерменија ја предаде во согласност со мировниот договор, во кој посредуваше Русија и завршија шестнеделните судири во Нагорно-Карабах.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев го поздрави враќањето на контролата над тие области како историско достигнување.

– Сите живеевме со еден сон и сега ни се исполни. Извојувавме победа на бојното поле и во политичкта арена и таа победа отвора нова ера за нашата земја. Следи период на развој, безбедност и напредок, посочи Алијев.

Регионот Лачин, кој се наоѓа помеѓи Нагорно-Карабах и Ерменија, последната од трите области е денеска предадена од страна на ерменската армија.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Алијев и Никол Пашињин на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на судирите во НАгорно-Карабах. Со договорот е предвидено дел од регионот да биде под контрола на Азербејџан, Баку и Ереван да разменат заробеници, а руските мировни сили да бидат расоредени долж контакт линијата и долж Лачансикиот коридор што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This