Aктивни 12.087 cлyчaи на Koвид-19, нajмнoгy вo Скопје – дoceгa вкyпнo пoчинaлe 6.668 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374…

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 474 оздравени пациенти.

Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат.

Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. Од граѓаните над 40 годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Во борбата против Ковид-19, веќе петти ден е достапна трета доза вакцина против Ковид-19 за здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато шест месеци од примената ревакцина.

Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем „Мој Термин“. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација, информираат од Министерството за здравство.

Досега во земјава се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 191.408, бројот на оздравени пациенти е 172.653, а на починати изнесува 6.668.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This