Aктивни 9 пoжapи вo мoмeнтoв вo Македонија: Eвe кaдe e kpитичнo, Ангелов вeли ќe ги кoнтpoлиpaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет пожари во моментов е активни во земјава, а најсериозна е состојбата околу селото Дренак кое се наоѓа во општина Старо Нагоричане.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели дека состојбата се менува од час во час.

-Ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави за МИА Ангелов.

Состојбата е најкритична околу селото Дренак, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш армиски хеликоптер.

Сериозна е и состојбата околу Пехчево.

-Тука утрово делуваше хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да дејствува, да продолжи со гаснење на пожарот околу тоа село, изјави Ангелов.

Други активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево.

Исто така, и пожарот во Кочани што гори веќе трет ден таму е упатен голем човечки потенцијал и имаат контрола врз него.

Во однос на пожарот во Валандово, пожарот се шири во различни правци, затоа што ветрот на едно место дува во една насока, а на само 500 метри, дува во друга насока. Но, Ангелов напомена дека имаат контрола врз ситуацијата.

-Дури имавме ситуација, конкретно во Валандово, во текот на вчерашниот ден јас ја посетив Гевгелија и Валандово односно двата пожари, со свои очи да видам што се случува на терен, за пожарот во Валандово има една карактеристика дека на одредено место ветрот дува во една насока, а само 500/600 метри понатамау дува во друга насока. Пожарот се шири во различни правци, но генерално имаме контрола врз ситуацијата. Ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси и верувам доколку не се појават нови пожари во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави Ангелов за МИА.

Како што посочи, од Србија веќе има четири хеликоптери, но бидејќи гаснат на туѓа територија, во придружба се со еден наш армиски хеликоптер.

Тој посочи дека е побарана и помош и Словенија и Грција, но дополнително ќе информира кога би требало да пристигне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This