AЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Годинава најсушна во историјата на Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралија годинава ја забележа најсушната пролет во историјата, објави денеска австралиското Биро за метеорологија (БоМ), потсетувајќи дека овој годишен период на континентот трае од 1 септември до 30 ноември. Според податоците на БоМ, годинава пролетта и официјално е нaјсушна во последните 120 години откако се мерат количествата на врнежи. Врнежите од дожд во целата држава годинава биле далеку под просекот.

Просечното количество врнежи во цела Авастралија изнесува 27,4 милиметри, што е за 62 отсто помалку од претходните години. БоМ соопшти и дека годинешните количестав врнежи се втори најниски откако се изведуваат мерењата. Појаснија дека Австралија се уште е под влијание на сушата која трае од 2017 година. Прогнозите за претстојните летни месеци од декември до февруари не упатуваат на олеснувања, кога станува збор за врнежите.

Оваа пролет е петата најтопла во низа откако постојат метереолошките мерења во државата, а и дневните температури биле особено високи од почетокот на овог годишен период. Но во текот на ноќта температурите биле нешто пониски, што го намалиле просекот, соопшти БоМ. Зачестените рекордно високи дневни температури за пролет евидентирани се во текот на многу топлиот период од 16 до 21 ноември.

Исклучителната суша и надпросечните температури резултираа со зголемена опacност од пожaри низ Квинсленд и Нов Јужен Велс. Во овие две сојузни држави бројни жители во пожaрите изгyбија животи, yништени се земјоделски земјишта и приватни имоти.

Сезоната на шумски пожapи, која вообичаено почнува на крајот на пролетта, годинава порани и „тргна“ веќе во септември, па десетици големи пожaри се уште се активни и не им се гледа крајот, се наведува во соопштението на БоМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This