Aлкoхoл и бpзo вoзeњe, нajчecти пpичини зa cooбpaќajки: Ceкoj ден 1.100 млaди лицa гo гyбaт живoтoт вo cooбpaќajни нecpeќи…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брзото возење и алкохолот се доминантни причини за сообраќајните несреќи со фатални последици, посебно кај младите на возраст од 15 до 19 години.

Според податоците од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во светот годишно околу 400 илјади млади лица го губат животот во сообраќајни несреќи, односно 1.100 секој ден.

– Според податоците на Светската здравствена организација сообраќајните несреќи се прва причина за смрт на лица на оваа возраст. Слична е состојбата и во нашата држава. Лани 26 лица на возраст до 24 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, рече Ристе Манчев од РСБСП на денешната превентивна активност насловена како „Стоп за возењето под дејство на алкохол“ и „Не вози пијан“ што се организираше во Струмица.

Во периодот на одржување на матурските прослави, Советот апелира до матурантите да се однесуваат одговорно и да прославуваат без користење на автомобили.

– Апелираме до родителите да не им дозволат на матурантите да ги користат семејните автомобили при прославите. Постојат многу начини како да се одбележи матурирањето, а користењето на семејниот автомобил дефинитивно не е тој начин. Апелираме до младите матурирањето да го покажат на дело и да возат внимателно и одговорно, додаде Манчев.

И од Отсекот за превенција при СВР Струмица апелираат до младите одговорно да се однесуваат во сообраќајот, посебно во периодот по олабавувањето на мерките за заштита од пандемијата.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот, особено да младите, кои се едни од најризичната категорија учесници во сообраќајот, да бидат внимателни, да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и оваа лето безбедноста да ни биде на прво место, рече Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција во СВР Струмица.

На денешната превентивна активност на учесниците во сообраќајот и на минувачите преку „пијани очила“, кои симулираат управување моторно возило под дејство на алкохол, им беа посочени последиците од возењето под дејство на алкохол.

Во рамките на денешната активност на магистралниот пат Струмица-Ново Село на возачите им се делеа флаери за опасностите од брзото возење со објаснување дека најголем број од сообраќајните незгоди се предизвикани од непочитување на ограничувањето на брзината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This