March 28, 2024, 11:39 pm

Aлapм вo Северна Кореја: Ким нapeдил eгзekyциja нa двe лицa, цeл Пјонгјанг вo кapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ум нареди егзекуција на најмалку две лица, а забрани рибарење на море и го стави Пјонгјанг под карантин во рамките на напорите земјата да ја сочува од пандемијата и штетното влијание над економијата, соопштија од јужнокорејската разузнавачка служба.

Владата на Северна Кореја исто така им наредила на дипломатите во странство да се воздржат од било какви потези кои би можеле да ги испровоцираат САД поради загриженоста од нов пристап на земјата која ќе ја води Џо Бајден.

Од јужнокорејската разузнавачка служба пренесуваат дека властите на Северна Кореја минатиот месец наредиле егзекуција на лица од менувачница кои ги сметале за одговорни за падот на девизниот курс.

Истиот извор исто така тврди дека севернокорејските власти во август наредиле егзекуција на висок функционер поради прекршување на владините рестрикции на стока во странство.

Севернокорејските власти исто така забранија рибарење на море и производство на сол за да се спречи вирусот да не стигне до морето. Пјонгјанг и провинцијата Жангандо на северот на земјата се ставени во карантин поради ширењето на вирусот, а претходно во текот на овој месец властите под карантин ставија области каде имало увоз на недозволена стока.

Севернокорејските власти тврдат дека во земјата не е регистриран ниту еден случај на коронавирус, меѓутоа ова тврдење го ставија под знак прашалник многу странски експерти.

Избивањето на голема пандемија на коронавирус во Северна Кореја би можело да има страшни последици поради состојбата на здравствениот сектор во земјата и поради изолираноста која со себе носи хроничен недостаток на медицински средства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This