Aлapм зa HATO: Рускaтa вojcкa вo близинa нa гpaницaтa co Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија го предупредува НАТО да не испраќа трупи за помош на Украина, додека има сè повеќе обвинувања за голем собир на руски сили на границата со таа земја.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков изјави дека Русија ќе преземе „дополнителни мерки“ доколку НАТО се реши на таков потег.

Во меѓувреме, продолжуваат спорадичните, помали судири во источна Украина, меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Москва.

Американските сили во областа сега се во состојба на готовност, поради, како што велат, „ескалацијата на руската агресија“ во областа.

Официјален претставник на НАТО за Ројтерс изјави дека Русија ги минира напорите за смирување на тензиите во источна Украина, а амбасадорите на НАТО се состанаа во четвртокот за да разговараат за новата ситуација.

„Сојузниците се загрижени за неодамнешните активности на руската армија во и околу Украина“, рече официјално лице.

Украинскиот претседател Влодимир Зеленски се приклучи на критиките, велејќи дека „воените вежби и можните провокации на границата се традиционална руска игра“.

Во телефонскиот разговор со Зеленски, американскиот претседател Џо Бајден „ја потврди својата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во врска со тековната руска агресија во Донбас и Крим“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во исто време, Песков ги обвинува украинските сили за организирање „провокации“ во источна Украина, каде што се крши примирјето на дневна основа.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за Би-Би-Си изјави дека руската армија се собира на северната и источната граница меѓу двете земји, како и во „нелегално окупираниот Крим“.

„Го следевме движењето на руската армија од овие три насоки“, рече тој, додавајќи: „Украина не сака ескалација – не ни треба војна“.

За време на еден од последните судири, на 26 март, четворица украински војници беа убиени од сепаратистички гранати во Шума – село во Доњецк. После тоа имаше уште два помали инциденти.

Кое е нивото на вклученост на Русија?

Минатиот месец руските сили одржаа воени вежби на Крим, полуостров на Црното Море што Русија го анектираше во март 2014 година.

Бунтовниците во регионот Донбас, источна Украина, исто така се потпираат на помошта на Русија.

Западните влади тврдат дека Русија испратила трупи и тешко оружје во тие области. Кремљ го негира тоа и наведува дека на бунтовниците им помагаат руски „доброволци“, кои окупираа дел од регионите Доњецк и Луганск во април 2014 година.

Видеото кое се шири на Твитер последните денови, а чија автентичност не е потврдена, покажува руски тенкови, артилерија и оклопни возила на патот кон границата со Украина.

Генералот на украинската армија Руслан Комчак вели дека Русија распоредила 28 тактички баталјони во близина на источната граница и на Крим, што значи меѓу 20 и 25 илјади војници. Руските власти не го потврдија ова, ниту дадоа прецизни бројки.

Според генералот Комчак, Русија има околу 3.000 офицери и воени инструктори меѓу бунтовничките единици во источна Украина.

„Руската Федерација ги преместува вооружените сили на своја територија по сопствена потреба“, рече портпаролот на Кремљ, Песков.

Тој додаде дека „ова не претставува закана за никого и дека никој не треба да се грижи за тоа“.

Руската армија потврди дека оваа година, бригада за воздушен напад – околу 4.000 војници – е распоредена од Волгоград кон Крим.

Од 2014 година Русија значително го зголеми своето воено присуство на Крим, особено во клучната поморска база во Севастопол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This