Aнa Петpoвска нa чeлo нa Дpжaвниот инспeктopaт, а Хecен Џeмaили на Упpaвата за животна средина, одлyчи Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ана Петровска ќе биде в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), откако од 2018 година таа беше на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина, а претходно и долгогодишен консултант за зелени проблематики.

Ова е одлука на синоќешната седница на Владата, која го разреши досегашниот директор на ДИЖС, Фејзула Спахија.

Во еколошкиот сектор има именуван и нов в.д директор на Управата за животна средина – Хисен Џемаили. За него Владата пишува дека е м-р по менаџмент на животна средина, доаѓајќи на местото на разрешениот Џезми Салиу.

На својата седница Владата донесе одлуки за именување на повеќе директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на јавни претпријатија и акционерски друштва.

На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во областите за кои се именуваат, соопштија од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This