Тој однеодамна е пратеник во Собранието, исто како што е лидер на партија, а и универзитетски професор.
Исто така е и решен да ја скандализира јавнста со своите постови. Се досега тоа можеби и изгледаше донекаде симпатично, па и дозволено за еден таков човек од калибарот на Апасиев.
Но, Димитар Апасиев како да ја помина границата на „штосноста“ и досетливоста, па навлезе во сосема вулгарни и непотребни води, особено за народен избраник кој ќе ги претставува граѓаните во парламентот.
Имаше многу непотребен и вулгарен пост за вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска.
„Се моли Шекеринска да иде у пичку матер. … напиша Апасиев на Фејсбук.
Шекеринска се досега на фејсбук нема одговорено на вулгарноста на Апасиев.
Апасиев и досега брануваше со своите постови, на пример оној кога стана пратеник, а неговата партија освои уште едно пратеничко место, кога напиша „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“.