AПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ КАЗНАТА НА ИВОНА: Две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди условната затворска казна на новинарката на ТВ „Сител“ Ивона Талеска.

– Апелациониот суд во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И.Т. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С.Г. ДООЕЛ С – соопшти Апелациониот суд Скопје.

Второстепениот суд ја преиначил само споредната, т.е. паричната казна за Талевска, во однос на валутата во која е изречена. Пресудата ја донесе судискиот совет со кој претседаваше судијката Софија Лаличиќ во февруари. Талеска, откако ја призна вината дека затајувала данок, беше осудена на две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This