Aпликaцијa на Гугл cтaнyва кoнкyрeнт: Haјнoвaтa гeнeрaцијa на aпликaцијaтa за лични пoрaки ќe бидe збoгaтeна со Rich Communication Services

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Гугл“ соопшти дека најновата генерација на апликацијата за лични пораки, Messages, за корисници на „Андроид“ во САД, ќе биде збогатена со Rich Communication Services (RCS).

Ова значи дека апликацијата за пораки, која обично се смета за наследничка на традиционалните СМС-пораки со проширени можности, всушност станува кoнкyрeнт на апликации како „ватсап“ и „вибер“.

Нејзините нови можности се да поддржува континуиран прием и испраќање пораки, како и можност за испраќање и примање фотографии, видеа и стикери со висока резолуција.

Покрај тоа, RCS носи и дополнителни можности како додавање и oтcтрaнувaњe на луѓе од разговори или промена на името на разговорот поради полесна навигација, пренесува „Танјуг“.

Новите ознаки доаѓаат како бесплатна надградба на апликацијата „Messages“ , која обично доаѓа како претходно инсталирана на повеќето уреди кои користат „Андроид“, а може и да се преземе бесплатно од „Гугл плеј стор“.

„Гугл“ најавува дека проширените функции ќе бидат достапни и во други земји до крајот на годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This