Aпcypднитe oдлyки нa мaкeдoнcкaтa влaдa: Косово co кapaнтинcки мepки, Македонија со oтвopeни гpaници зa Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово со карантински мерки, Македонија со отворени граници за Косово. Така изгледаат апсурдните одлуки на македонската влада. Додека самото Косово смета дека кај нив ситуацијата со коронавирусот е премногу сериозна и опасна, македонската влада не смета така за да ги затвори границите или да забрани влез во земјава без ПЦР тестирање.

Поради високите бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19, косовската влада изминатиов викенд воведе нови дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Тоа вклучуваше карантин кој започна од петокот и траеше до утрово. Затворени беа сите бизниси освен, пекарници, бензиски, аптеки и фирми кои произведуваат неопходни производи. Комплетно беше забранет влез и излез од Приштина, Косово Поле, во Гнилане, во Обилиќ, во Ѓаковица, во Подуево и во Штимле. Последниот ден пред да се воведат овие мерки процентот на заразени во косово беше 39, односно од 1.827 тестирања, позитивни беа 728, додека вчера за време на карантинот беа регистрирани 11 починати и 730 нови случаи од 1,794 тестирани, што е високи 40,7%.

Иако Косово смета дека ваквата ситуација е сериозна, очигледно македонската влада не смета така. Македонија по препорака на Комисијата за заразни болести која ја води Караџовски, од 12 октомври ги отвори границите без ПЦР тестирање за Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, одлука која не е променета и покрај новиот бран и и високите бројки на заразени од коронавирусот.

Во Црна Гора вчера беа регистрирани 426 заразени од 840 тестирани што е повеќе од 50%, во Србија 2.112 заразени од 8,299 или 25%, додека во Албанија 501 нов случај од 1.942 тестови, односно 265 од тестираните биле позитивни.

Министерот за здравство, Венко Филипче и владата предводена од Зоран Заев велат дека состојбата во Македонија е сериозна и носат мерки како задолжителна маска, скратено работно време на одредени економски субјекти, работа од дома, забрането групирање и се препорачува граѓаните да не се групираат ниту по домовите и да не излегуваат надвор без потреба. Но, според отворените граници, очигледно не сметаат дека состојбата е сериозна во Косово, Србија, Албанија и не препорачуваат да се затворат границите или во најмала рака да се воведе задолжителен ПЦР тест за граѓаните од овие земји каде стапката на зараза е висока и кои се потенцијален ризик во ова време кога земјава ги живее најцрните денови од почетокот на пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This