March 28, 2024, 11:53 pm

Aрсовски до Филипче: “Heмa дa ce извинaм, пpaтивтe ли дeмaнт дo Брнабиќ?”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам намера да се извинам, дали побараа извинување и од српската премиерка Ана Брнабиќ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски откако вечерва Министерството за здравство го повика да се извини и да го повлече видеото во кое наводно Брнабиќ вели дека во Македонија се вакцинирало илегално.

„Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и од колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.

‘Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација.’

Еве јас сакам да ги прашам Министерството за здравство и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ? Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина. Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче“, одговори Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This