April 24, 2024, 10:31 am

Ajфeлoвaтa кyлa ja чeкa нajгoлeмoтo peнoвиpaњe вo иcтopиjaтa, ќe дoбиe и нoвa бoja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ајфеловата кула ја чека најголемо реновирање во нејзината 130-годишна долга историја за да биде во најдобро издание за Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таа меѓу другото, ќе добие и нова боја – златна.

Од неа ќе бидат отстранети сите досегашни 19 слоеви на боја, вклучувајќи ја препознатливата кафена боја од 1968 година. Сите тие ќе бидат заменети со жолто-кафеавата боја, што Густав Ајфел лично ја сакаше за неговиот споменик.

Реновирањето на кулата висока 324 метри, составена од 18.000 метални делови, ќе чини околу 50 милиони евра.

Отстранувањето на старите слоеви на боја е ризично поради присуството на олово, затоа работниците мора да ги следат строгите здравствени протоколи.

Кулата добива нов слој на боја на секои седум години, како и заштита од ветер, сонце, загадување и корозија. Работите на кулата треба да завршат до крајот на следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This