AMHECTИJA ЗА 25 ОД 33 OБBИHETИ ЗА 27.АПРИЛ: На 17.декември Собранието ќе одлучува за aмнecтиja за лицата од 27.април!

  • December 13, 2018

На 17-ти декември, пратениците од Собранието ќе одлучуваат за aмнecтиja на дел од oбвинeтитe за нacилтвата од 27-ми април минатата година во Парламентот, пренесува Телма.

Новиот закон што ќе го предложи Телото за помирување веројатно ќе опфати 40-тина од вкупно 70 лица кои се oбвинeти за насилните случувања на овој ден по различни основи.

Според очекувањата, Законот би требало да опфати 25 од вкупно 33 лица, кои се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, и 15 кои се обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службената должност“.

Овој закон нема да ги опфати седуммината осудени за обидот за убиство на Зијадин Села, 12-мината обвинети за кривично дело насилство, меѓу кои, напаѓачот на Радмила Шеќеринска, како и оние најзвучните имиња, што се гонат по командна одговорност.

Претходно «
Следно »