Apмиjaта од утре ќе ги чува бoлницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции коишто тоа ќе го побараат.

Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…

Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра – најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.

Шекеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.

Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка – истакна Шекеринска.

Таа додаде дека тоа ќе го направат на локално ниво со минимум трошоци.

Она кога кажуваме дека треба да инвестираме во одбрана сега може да видиме дека е така. Инвестираш во мирнодопски услови, за да можеш да се потрепреш во време на криза. Системот покажува дека може да му се верува и дека е тука и кога е најтешка ситуацијата – потенцира министерката за одбрана.

Како што појасни Шекеринска, целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пацинетите се заштитени и дека тоа сега е работа на полцииајта и армијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This