Axмeти: Пpaшањето со Бугapија ќе се peши напpoлет, за 20 години ниту eднaш не ce paзочарав од EУ и HAТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен.

„Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија“, рече Ахмети во одговор на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

Тој порача дека дебатата ќе се одвива за историјата и историските личности, додека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени. Во однос на пописот Ахмети уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа и сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени.

„Тоа е статистичко прашање, а не политичко, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја#, порача Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This