March 29, 2024, 10:37 am

Aболицираниот kpиминалец Зоран Заев е тотaлно изолирaн политичар од страна на светските, но и на балканските лидери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е тотално изолиран политичар од страна на светските, но и од страна на Балканските лидери. Изминативе 6 месеци премиерот во заминување Зоран Заев нема остварено ниту една билатерална средба со премиер на некоја европска или светска земја, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Заев му беше по битно заедно со Филипче да се вози со четирицикли по планините низ Македонија, отколку да оствари некоја средба со премиер на некоја земја, со што би помогнал во оваа здравствена и економска криза. Како Зоран Заев ќе ги решава проблемите и одблокира европските интеграции, ако нема ниту една средба со европски државник. Оваа криминална власт предводена од Заев целосно ја има изгубено меѓународната поддршка. Секојдневните скандали, криминални тендери, рекет, корупција, политички реваншизам на политички неистомисленици кои оваа власт ги направи се причина за целосното игнорирање на Заев и неговите министри од страна на меѓународната заедница. Додека Заев е целосно изолиран политичар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски за три дена оствари 3 билатерални средби со тројца премиери на земји членки на Европската Унија, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека најпрвин претседателот Мицкоски и потпретседателот Николоски се сретнаа со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан каде што соговрниците разговараа за одличните и пријатески односи, како и за блокираните европски интеграции на Македонија. На оваа средба претседателот Мицкоски побарал од неговиот соговорник поддршка од страна на Унгарија за одблокирање на европскиот пат на Македонија.

-Исто така Мицкоски и Николоски остварија работни посети и во Република Словенија и Република Хрватска, каде што имаа средби со премиерите на овие две земји, Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ. На овие средби се разменети искуства за светската здравствена криза со КОВИД-19, како и за економските предизвици кои се последица на оваа пандемија. Остварените билатерални средби на претседателот Мицкоски и потпретседателот Николоски се јасна поддршка од страна на европските лидери за ВМРО-ДПМНЕ. Овие средби се само уште еден доказ за тоа кој работи за доброто на Македонија и граѓаните на Македонија, а кој работи за лично богатење, опустошување на Македонија и целосно распродавање на државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ и наредниот период преку своите преставници ќе остварува и организира средби со политички лидери, со цел помош и поддршка во европскиот процес на државата, потенцираат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This