Bиcтински гaздa на pyдникот “Илoвицa” пpeку Kajманските ocтрови e бугapcка компаниja?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку Бугарија, Швајцарија и Кајманските острови директно во Иловица-Штука – ова е патот по кој се движи капиталот со кој се откупени акциите на канадската компанија „Еуромакс рисурси„ која беше фокусирана на развој на проектот отварање на рудник во Иловица-Штука. Ова се тврдењата на струмичкото еко здружение “Здрава котлина” кое на својата страна јавно објави документи со кои ја потврдуват роменета во сопственичката структура направена уште минатата година. Прекршени се низа закони поради што се нанесени и сериозни штети на буџетот на државата. Избегнато е плаќање на јавна давачка во висина од 7% од вредоста на концесијата што според законот за минерали суровини е задолжителна.

„Уште пострашно е што целата оваа работа е правена преку Кајмански острови, а сите знаеме дека важат за оф шорт дестинација, популарна за перење пари . Прашање е како тоа е дозволено? Ако е швајцарски капитал зошто не е директно од Швајцарија во Македонија , него мора да извртат преку Кајманските острови? Нема логика!„ – изјави Ѓорги Танушев од Здрава Котлина.

Од Здрава Котлина објаснуваат дека ќе барат одговорност. Доколку државата не преземе нешто, тогаш тие ќе поднесат и кривична пријава

„Се трудиме да ги извадиме на виделина сите овие заврзлами. Она што треба некој да го направи е Државната агенција за спречување корупција заедно со Јавно обвинителство да отпочнат постапка по допрен глас. Доколку ова не се случи ние ќе подесеме кривични пријави„ – изјави Ѓорги Танушев од Здрава Котлина.

Еко активистите се сомневаат дека канадската фирма е купен со бугарски капитал на компанијата Геотехмин што го има најголемиот рудник за злато и бакар во Бугарија. Еден од сопствениците на оваа компанија е Цоло Вутов, кој во 2010 година е прогласен за најбогат бугарин. Вутов е интересна личност пренесуваат бугарските медиуми, а на википедија е посочен како близок пријател со генерал Румен Миланов кој до 2012 му бил советник на Бојко Борисов.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This