Bлaдaтa нaплaднe ќe ja oдpжи peдoвнaтa 65-тa ceдницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска со почеток во 12:00 часот ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, информира владината прес-служба.

На 65-тата седница, според предложениот дневен ред, министрите, на предлог на Министерството за образование и наука ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На седницата на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Македонија и Република Грција поднесена од Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“- Скопје во државна сопственост.

За донесените одлуки и заклучоци од 65-тата седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This