April 23, 2024, 12:40 pm

Bлaдaтa ќe ja oдpжи peдoвнaтa 106-тa ceдницa – eвe кoи тoчки ќe бидaт oпфaтeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија, денеска, 14.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 106-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за надворешни работи ќе биде разгледан Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите, според кој Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии-Царинска управа се определуваат како надлежни органи на државната управа што ќе се грижат за извршување на измените и дополнувањата на Договорот.

Покрај другото, на седницата, пред министрите за разгледување  ќе се најдат и информации за проекти на одделни министерства, како и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата и со цел поголема транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This