Bо Авcтpија ce чyдaт: Kaкo тepopиcтoт дoдeкa зeмaл coциjaлнo нaбaвил opyжje?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември уби четири и повреди повеќе од 20 лица во центарот на Виена, земал социјална помош и сместување од австриските власти, или поточно, тој добивал компензација од Бирото за вработување.

Според весникот „Хауте“, терористот, наводно, добил 2.393,08 евра во текот на 2020 година, со цел да има пари за живот.

Тој, наводно, го искористил правото да посетува курсеви за невработени, кои чинеле повеќе од 3.600 евра.

По ова откритие, некои политичари прашаа дали тоа е начинот на кој Фејзулај го набавил оружјето со кое го изврши масакрот.

– Додека многу семејства во Австрија повеќе немаат пари за да преживеат поради карантинот и губење на работното место, терорист кој уби четворица наши граѓани доби 2.393,08 евра, во исто време кога набавуваше оружје и муниција – рече пратеничка на Слободарската партија (ФПО)

Таа воедно прашува како е можно во додека земал социјална помош да набави оружје за маскрот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This