October 21, 2021, 1:43 pm

Bлaдaта зaкaжa ceдницa – Зa штo ќe ce paзгoвapa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, ќе ја одржи редовната 107-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува измени во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

На редовната седница, пред министрите за разгледување е превидена и Информацијата за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена веднаш штом ќе биде завршена.

Latest News

ХOPOP: Кичeвчaнeц гo y6ил свojoт тaткo co нoж

Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М, поради сомнение дека...

More Articles Like This