September 24, 2021, 8:17 pm

Bлoшeнa здpaвcтвeнaтa cocтojбa нa Камчев – пoвтopнo oднeceн нa Kлиникaтa зa кapдиoлoгиja вo Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, г-динот Јордан Камчев повторно се пожали на своите бранители на влошена здравствена состојба. Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на г-динот Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија.

Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје.

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на г-динот Камчев тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на г-динот Јордан Камчев, која што очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, г-динот Камчев од својата 15та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот.

Latest News

Cилен зeмјотрес ја погoди Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Еидак во сојузната држава Алјаска, објави...

More Articles Like This