April 25, 2024, 12:01 am

Bлaдaтa денеска ќе одoбpи набавka на 100.000 pyски вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека Владата го добила драфт договорот за набавка на најавените 100.000 вакцини од Русија, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба истиот да го усвои.

„Се уште траат преговорите со Фајзер во однос на некои технички детали, за што секојдневно се слушаме со претставничката на претставништвото на Фајзер во Белград и го очекуваме драфтот на договорот. Во делот на кинеските вакцини постои интензивна комуникација и уште една размена на писма и преку МНР, така што очекувам дека за кратко време ќе го добиеме и дефинитивниот датум во кој што ќе стигнат и оваа количина на вакцини. По потпишувањето на анекси со Астра Зенека на барање на компанијата преку КОВАКС механизмот најавите се дека 20-30.000 вакцини треба да пристигнат до почетокот на март. И во делот на руските вакцини, како што најави премиерот Заев ќе набавиме количина од 100.000 вакцини, за што веќе го добивме драфт договорот, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба да го усвои“, одговори Филипче на новинарско прашање до каде е набавката на ковид вакцини преку повеќе системи и од повеќе производители.

Тој денеска на граничниот премин Табановце, од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка ковид вакцини од Фајзер, отстапени од Србија. Тој изјави дека со вакцините од Србија ќе се вакцинираат сите здравствени работници од приоритетната група за имунизација против ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This