April 24, 2024, 11:36 am

Bлaдaтa зaбpaни издaвaњe викeндички: Уcвoeни нoви pecтpиктивни мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната седница усвои дополнителни рестриктивни мерки за претстојниот празничен период со цел намалување на ширењето на коронавирусот.

Се забранува давање под наем на викендички и други туристички капацитети за сместување на територијата на Република Македонија за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.

Веќе е познато дека на угостителските објекти работното време ќе им биде намалено до 18 часот, освен за оние кои вршат достава или продаваат на шалтер.

-Владата ја прифати препораката да се забрани организацијата и одржувањето на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции, и во оваа насока им се укажува на општините, како и на сите организации основани од локалната самоуправа, дека се забранува било какво групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници и доколку истите веќе имаат организирано, да се откажат, велат од владината прес-служба.

Освен тоа, забрането им е на хотелите да организираат прослави. Оние кои веќе имаат организирано новогодишни забави да ги откажат.

-Во угостителско сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели и слично) во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот и да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците, и се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти заклучно до 18 часот. Со овие дополнителни мерки, Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации на територијата на Република „Северна“ Македонија, велат од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This