Bлaдaтa имa пapи зa лyбpикaнти и koндoми, а нeмa пapи зa нoви yчилиштa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од училишта без елементарни услови за настава, a 40.000 деца без компјутер за следење на онлајн наставата. И, наместо да се инвестираа во училиштата, во компјутери децата да можат да следат настава онлајн во ситуација на корона пандемија, министерството за здравство и министерот Венко Филипче набавуваат 150.000 кондоми, 37.000 со зголемена издржливост и 50.000 лубриканти.

Додека децата во околу 30 основни и подрачни училишта според истражувањето на Здружението на млади аналитичари и истражувачи учат во катастрофални услови без санитарни јазли и елементарни услови за настава, надлежните не преземаат ништо. Според истражувањето да се изградат тоалети во овие училишта, потребни се 378 илјади евра.

И претходно јавноста беше сведок на вакви набавки кои не се неопходни. Имено, во 2018 година, министерството за здравство потроши 95 милиони евра или 1,5 милиони евра за 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти, додека само владата набави 20.000 шишиња лубриканти.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и во 2018 година, но и денеска реагираше за набавката на кондоми и лубриканти, укажувајќи дека дури над 100.000 граѓани денот го поминуваат со по 50 денари на ден, додека други немаат за леб, Заев и владата на СДСМ, ќе потрошат неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти.

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти. Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари.Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така – изјави Стефан Стефановски, од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This