Bлacтa вeќe нe e вo нeгoви paцe: Бојко Борисов ќe бидe cocлyшyвaн нa 21-ви aпpил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците одлучија премиерот во оставка Бојко Борисов да се појави на сослушување во пленарната сала на 21 април. Одлуката беше усвоена со 135 гласа ЗА. Против гласаа само 70-те пратеници на ГЕРБ.

Предмет на сослушувањето е Планот за обновување и одржливост, кој мора да биде испратен до Европската комисија до 30 април.

Од групата ГЕРБ беше побарано да го одново да се гласа за таа одлука, а тоа беше проследено со извици и негодувања во салата. Пратениците на ГЕРБ започнаа да удираат по масите во пленарната сала со извици Мафијата надвор. Тие побараа заменик-премиерот Томислав Дончев да биде сослушан според планот.

Претседателката на заседанието, Татјана Дончева, изјави дека точката е веќе изгласана и нема да има прегласување, а дискусиите за следните точки од редоследот продолжуваат.

Според агендата, и министерот за финансии Кирил Ананиев треба да биде слушнат за состојбата на државниот буџет.

Заради нарушувањето во пленарната сала, Татјана Дончева ја прекина седницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This