Bнимaвajтe дa нe нaceднeтe: 3a џaбe ќe ce изpaдyвaтe дeкa cтe дoбитници нa нaгpaдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Макпетрол” денеска информираше дека непознато лице се претставува лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда. За ваквото дејствување, како што велат информирани се и надлежните институции.

-Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол” АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна секогаш со вас”. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб страни на компанијата и програмата за лојалност Верна, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна, секогаш со вас” која се емитува на ТВ Телма. Дополнително, после секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол центар на компанијата, велат од компанијата.

Од компанијата ги советуваат граѓаните доколку добијат вакви или слични смс пораки да ги пријават и да не ги земаат за релевантни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This