Bо Грција најава за ново невpеме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црвениот аларм се уште е вклучен кај грчките пожарникари и кризниот штаб, откако метеоролозите најавија за нов налет од неврме. Силен ветер со пороен дожд се најавува за дел од Грција. И во синоќешниот пороен дожд под вода завршија десетина куќи во источниот дел од земјата, поради што евакуирани се семејствата.

Жителите и туристите од Халкидики се обидуваат да се вратат во нормала од шоkот кој го преживееа во средата, кога разорниот ветер и дожд 20 минути коpнеше и носеше се пред себе.

Александар Магловски за Телма се присетува на страшното попладне.

Животот полека се враќа на овој полуостров чија туристичка сезона е во полн ек. Главниот пат кој води до добро познатите места е расчистен од откорнатите дрвја и паднати бандери, се уште се чистат локалните патишта кои се очекува до утре целосно да профункционираат.

Вакво екстремно време е необично за овој дел од годината во Грција, но голем дел од туристите, исто како и Александар со неговото семејство, одлучија да останат и да го продолжат своето летување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This