Bо насока болницата да биде подостапна за сите пациенти: Аџибадем Систина“ ги намали 20 проценти цените во новата педијатриска болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Педијатрискиот стационар во „Аџибадем Систина“ овозможува третман на болно дете на возраст од 0 до 16-годишна возраст. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Располага со 16 модерно уредени еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок кои ги задоволуваат највисоките здравствени и естетски критериуми. Собите и апартманите се прилагодени за престој на родител со дете.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на хоспиталните услуги во новата педијатриска болница, најсовремена во регионот.

Новите цени се во насока и со желба болницата да биде подостапна за сите пациенти во услови на пандемијата на коронавирусот кога болничките капацитети и лекувањето воопшто се со ограничени можности. „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This