Baтикaн гo kaзни пeнзиoниpaниoт нaдбиcкyп нa Вpoцлaв зa пpикpивaњe cekcyaлни злocтaвyвaњa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан го казни поранешниот надбискуп на Вроцлав затоа што не ги сфатил сериозно обвинувањата за сексуална злоупотреба во Црквата, забранувајќи му да учествува на јавни, верски и секуларни церемонии.

Веста за изрекувањето на казната за пензионираниот надбискуп, Маријан Голебиевски, ја соопшти денеска Надбискупијата во Вроцлав.

Надбискупијата соопштува дека Ватикан го испитувал неговиот пропуст да не верува во наводите за сексуални злоставувања во периодот од 1996 до 2013 година.

На надбискупот Голембиевски (83) му е наредено „да живее во духот на покајанието и молитвата“. Нему му е забрането да учествува на какви било јавни церемонии и му е наредено да плати „соодветна сума“ за да им помогне на жртвите на злоставувањата, се наведува во соопштението на Надбискупијата.

Ова е нов случај на наводна сексуална злоупотреба или нејзино прикривање во доминантно католичката Полска.

Ватикан во март годинава поради истата причина го казни поранешниот надбискуп на Гдањск, протерајќи го од територијата на надбискупијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This