Baжнo cooпштeниe oд МВР: Иcтeчeнитe пacoши ќe вaжaт дo кpajoт нa 2021 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи објави важно соопштение за граѓаните со кое ги информира дека истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година.

МВР ги известува граѓаните дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This