Bakцинирани 652 здpaвствени работници, во поpacт бројот на нови случаи со KoBид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на заболени од Ковид-19 и на хоспитализирани дневно се зголемува. Вчера беа регистрирани 415 нови случаи, завчера 373, а ден пред тоа 347. На инфективните оддели бројот на хоспитализирани изнесува 636 од кои 261 во Скопје, а завчера тој број изнесуваше 616.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројот на оздравени е 89.022, на починати е 3.037, а на активни случаи изнесува 6.525.

Вакцинацијата во Македонија почна на 17 февруари во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Министерството за здравство вчера изутрина соопшти дека за два дена се вакцинирани 453 здравствени работници кои работат во ковид – центрите во државава. Министерот за здравство Венко Филипче вчера попладне ја посети модуларната болница на Инфективната клиника по што на својот ФБ профил напиша дека вчера до 17 часот се вакцинирани 199 здравствени работници.

Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет. Во модуларната болница се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот од понеделник до сабота, информираа од Министерството.

Во тек е првата фаза од имунизација во земјава, а во меѓувреме се одвива пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 – годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш после здравствените работници опфатени во првата фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани се пријавиле за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани на возраст од над 70 години.

Во тек е имунизацијата со вакцини на производителот „Фајзер“, а кон крајот на месецов во земјава се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This