Bakцините ќе бидат ycлов за вpaботување?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковид-пасошите за вакцинација може да им овозможат на компаниите да одбијат да вработуваат луѓе што не биле вакцинирани.

Властите од земјите низ светот сметаат дека шемата со пасошите може да биде од суштинско значење за успешно отворање на земјите, иако велат дека немаат надлежност да ги спречат компаниите да бараат доказ за вакцинација како услов за вработување.

Се верува дека некои британски компании веќе подготвуваат барања за вакцинација во договорите за персоналот, а некои бизниси тврдат дека вработените мора да бидат вакцинирани против вирусот за да можат да функционираат.

Компанијата за правно застапување „Сејфарт“ пишува што би можеле луѓето да очекуваат во иднина од ковид-пасошите, за кои се верува дека ќе бидат електронски или физички запис на вакцината на поединец, тест, медицински исклучок, како и статус за антитела и/или имунитет.

– Во оваа фаза генерално нема обврска приватните работодавци да бараат ковид-пасоши. Со тоа, од работодавците може да се очекува да го следат статусот на тестот и безбедноста на нивните работници. Онаму каде што приватните работници се најинволвирани, онаму каде што работниците комуницираат со членови на заедницата или патуваат, голема е веројатноста компаниите да бараат вакциниран персонал. Онаму каде што персоналот може да работи безбедно од домот, барањето за ковид-пасош ќе биде помалку веројатно – велат од компанијата.

Британскиот секретар за култура Оливер Доуден посочува дека ковид-пасошите нема да бидат воведени на „трајна основа“, туку тие ќе бидат корисна алатка на краток рок за безбедно отворање на бизнисите.

Британскиот премиер Борис Џонсон сугерираше дека сертификатот може да им даде максимална доверба на деловните субјекти и клиентите како што ќе се отвораат бизнисите.

Но, не секој се согласува со ваквата потреба од пасоши. Дел од британските политичари сметаат дека воведувањето ковид-пасоши во секојдневниот живот би било опасно, дискриминирачко и контрапродуктивно.

– Едно е да имате пасош за да патувате на меѓународно ниво, тоа е привилегија, дури и луксуз, но учеството во животот на локалната заедница е фундаментално право – велат британските политичари кои се против оваа идеја.

Извор: LADbible.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This